Французинот се враќа во редовите на Атлетико Мадрид/Фото: EPA-EFE/Toni Albir

Каталонскиот „Спорт“ ја цитира Барса: Ќе го сменевме Гризман и за „Пајо Паторот“

Бевме сведоци на вистинска драма во последните часови од летниот преоден рок. Три големи трансфери, кои зависеа еден од друг, и кои наводно беа безбедни во текот на денот, при крајот на затворањето на фудбалскиот пазар речиси и да пропаднаа поради колапсот на системот за регистрација на играчи во канцелариите на „Ла Лига“.

Иако се чинеше дека враќањето на Гризман во Атлетико, заминувањето на Саул во Челси и трансферот на Де Јонг во Барселона беше договорено и направено, на самиот крај од преодниот рок стана комплицирано. Како што падна системот преку кој се регистрираат играчите, во еден момент изгледаше дека Французинот ќе остане во Барселона, а Шпанецот во Атлетико. Сепак, во последните секунди проблемот беше решен.

– Во Барса го слават заминувањето на Французинот

Во Барселона сега можат лесно да дишат, иако беа финансиски катастрофални доколку го погледнеме договорот со Гризман. Пред само две години, тој дојде од Атлетико за дури 120 милиони евра, а сега Симеоне го врати на позајмица за само 10 милиони и дополнителни 40 доколку одлучат да го откупат.

Барселона не тагува за Французинот. Покрај тоа, Каталонскиот „Спорт“ го цитира еден од водечките луѓе од спортскиот сектор на Барселона, кој рече: „Ќе го сменевме Гризман и за Пајо Паторот“.

Фудбалска „бомба“ во Шпанија: Антоан Гризман се враќа во Атлетико Мадрид

Кога системот за регистрација на играчи се сруши, неколку минути пред полноќ, камерите го фатија директорот на Барселона, Матеу Алемани, како се држи за глава мислејќи дека договорот ќе пропадне и Гризман ќе остане на „Камп Ноу“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот