Каталонски политичар осуден поради референдумот за независност најави нов референдум

-Референдумот е нешто нормално, а ние сакаме повторно да направиме. И ќе го направиме тоа, рече Јункерас во каталонскиот парламент.

Поранешниот потпретседател на каталонската влада Ориол Жункерас кој е осуден на 13 години затвор изјави дека Каталонија ќе организира нов референдум.

Жункерас е осуден токму поради организирање на забранетиот референдум за независност на Каталонија од Шпанија.

-Референдумот е нешто нормално, а ние сакаме повторно да направиме. И ќе го направиме тоа, рече Жункерас во каталонскиот парламент.

Тој и уште петмина политичари денеска учествуваат во истражна Комисија во каталонскиот парламент, што е прво излегување од затвор по пресудата. Комисијата го истражува членот 155 од шпанскиот Устав, со кој во есента во 2017 година Мадрид ја презеде контролата врз Каталонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот