Каталонија воведува полициски час

Фото: EPA-EFE/ALEJANDRO GARCIA

Каталонскиот Врховен суд одобри построги ограничувања на јавниот живот наметнати од регионалната влада поради наглиот пораст на случаите на ковид-19.

Полицискиот час стапува на сила од утре, а луѓето нема да можат да ги напуштат своите домови помеѓу еден и шест часот наутро во градовите со над 10.000 жители.

Речиси сите градови ги исполнуваат овие критериуми, па мерките ќе важат за 6,3 милиони луѓе или 82 отсто од североисточниот регион, пишува Ел Паис.

Новите прописи, одобрени од судот во четврток, треба да траат две недели.

Според правилата, клубовите и кафулињата мора да бидат затворени, а рестораните можат да сместат 50 отсто од гостите од нивниот полн капацитет. Речиси сите други продавници и јавни институции мора да го ограничат влезот на 70 отсто од нивниот полн капацитет. Само 10 луѓе можат да учествуваат на јавни или приватни собири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот