Каталонија воведе задолжително носење на заштитни маски на јавни места

Фото: EPA-EFE/Toni Albir

Каталонија од денеска  е првата шпанска покраина која воведува задолжително носење заштитни маски на јавно место, во сите услови и за сите жители и посетители.

Одлуката ја објави премиерот на Каталонија, Ким Тора, четири дена откако 200.000 луѓе во областа на Сегрија се ставени во карантинпоаради избувнување на неколку жаришта на коронавирус.

– Маските ќе бидат задолжителни во цела Каталонија, не само во Сегрија. Мислам дека е важна мерка, рече Тора, додавајќи дека властите ќе дистрибуираат заштитна опрема.

Минатиот месец шпанските власти воведоа обврска за носење маска во затворен простор и на отворено кога не е можно растојание од 1,5 метри или додека не се најде вакцина или лек за коронавирусот.

Каталонија го отстрани исклучокот поврзан со растојанието, така што носењето маски е задолжително за сите ситуации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот