Каталонија во страв: Меси од полноќ не е повеќе играч на Барселона

Фото: EPA-EFE/ENRIC FONTCUBERTA

Најдобриот фудбалер на Барселона, Лионел Меси денеска му истекува важечкиот договор со Барса, а од утре (1 јули) и официјално ќе биде слободен играч.

Како што и се шпекулираше досега, во Каталонија се надеваат дека Аргентинецот ќе ја продолжи соработката веднаш по враќањето од „Копа Америка“.

Консензусот за новиот договор е само делумно утврден. Се очекува да продолжи со Барселона (договор 1+1 година), но има несогласувања околу висината на платата, кои, според шпанските медиуми, не се непремостливи.

Останувањето на Меси го најави првиот човек на клубот, Жоан Лапорта, а целата своја професионална кариера ја помина во редовите на каталонскиот великан.

Веќе не се слушаат така често и шпекулациите дека Манчестер сити и ПСЖ се најсериозни кандидати за потписот на Лео.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот