Каталонија: Опаѓа бројката за отцепување од Шпанија

Независноста на Каталонија ја поддржуваат 41,9 отсто жители на таа шпанската покраина, додека 48,8 проценти се против, според анкета на каталонскиот Центар за истражување на јавното мислење.

Анкетата беше спроведена од 16 септември до 7 октомври, пред да бидат осудени каталонските сепаратисти, а испитаниците одговорија на прашањето „Дали сакате Каталонија да биде независна држава?”

Анкетата покажа дека бројот на оние кои бараат отцепување од Шпанија опаѓа, бидејќи пред референдумот во 2017 година за самостојност биле 48,7 проценти од анкетираните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот