Каталонците потврдија, Нејмар сака во Барселона

EPA-EFE/NEIL HALL

Бразилецот Нејмар секој ден е се поблиску до враќање во Барселона која ја напушти пред две години за рекордни 222 милиони евра и премина во ПСЖ.
По само две години минати во Париз, Нејмар очајно сака да се врати во каталонскиот клуб, по што челниците на Барселона му поставија неколку услови кои мора да ги исполни.

Еден од условите беше е Нејмар официјално да побара трансфер и да признае дека згрешил што ја напуштил Барселона. Откако ги исполни тие услови, потпретседателот на Барселона, Жорди Кардонеро изјави дека враќањето на Нејмар е реалност но не е приоритет во моментов.

– Правилно е да се каже дека Нејмар сака да се врати во Барселона, но не се согласувам дека Барселона премногу се занимава со потписот со Нејмар. Тоа моментно не е на дневен ред и не ми се допаѓа како си замина од клубот. Многу луѓе кои си заминале сакале да се вратат, тоа се случувало и во минатото како со Пике и Фабрегас – вели Кардонеро.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот