Кастратовиќ не е повеќе тренер на РК Слобода Тузла

Поради лошите резултати Зоран Кастратовиќ ја напушти клупата на босанската Слобода Тузла/фото: рк металург

Зоран Кастратовиќ ја напушти клупата на босанскиот ракометен клуб Слобода Тузла.

Причината за разделбата се лошите резултати по што поднесе оставка која раководството ја прифати.

Претходно беше тренер на Беране со кој освојуваше трофеи во Црна Гора, потоа ги водеше Сутјеска и Металург.

Со Вардар ја освои СЕХА лигата и учествуваше во Лигата на шампионите, а со катарскиот Ел Џаиш ја покори азиската ЛШ.

Ја водеше репрезентацијата на Црна Гора, потоа и селекцијата на Иран, како и женската македонска репрезентација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот