Кастратовиќ: Металург ќе се бори за трофеите, штета што Вардар и Пелистер нема да играат од почеток–ракометот дополнително ќе се афирмираше во останатите градови

Екипата на Металург викендов ќе се комплетира и од понеделник во полн состав ќе ги продолжи подготовките.

Тренерот Зоран Кастратовиќ во средата го означи стартот на подготовките на кои досега се присутни само македонските ракометари, додека денеска и утре се очекува да пристигнат сите странци.

Екипата полека се комплетира и странците пристигнуваат во Скопје. Мијатовиќ и Додиќ се веќе тука, денеска пристигнаа Рниќ и Канкараш, до утре ќе пристигнат и останатите странци со што екипата од понеделник комплетна ќе ги продолжи тренинзите – вели Кастратовиќ.

фото: РК Металург

Металург во текот на летото осетно се засили со што се и амбициите на клубот се највисоки. Тимот од Автокоманда се засили со Марко Тарабокија, Момир Рниќ, Никола Потиќ, Бранко Канкараш и Златко Хорват, ракометари кои се гаранција дека Металург ќе биде еден од фаворите за домашните натпреварувања, како и гаранција за добар настап во Лигата на Европа каде ги очекуваат квалификации за пласман во групаната фаза.

– Ние си имаме свои приоритети. Есенскиот дел од сезоната во Суперлигата ќе го искористиме за воигрување на екипата и очекуваме пласман во групната фаза во ЛЕ. Мал хендикеп ни претставува тоа што подоцна ги започнуваме подготовките поради коронавирусот но до крајот на август очекувам да бидеме подготвени за натпреварите од
квалификациите за ЛЕ. Што се однесува до домашното првенство, за жал можам да констатирам дека во македонската лига вистинските натпревари кои ќе одлучуваат за титулата ќе започнат на пролет. За жал Вардар и Е. Пелистер нема да играат во првиот дел од Суперлигата иако сметам дека со нив уште од стартот ќе добие ракометот, ќе донесеше дополнителна афирмација и популаризација во останатите градови кои имаат свои екипи во лигата. Амбициите на Металург очекувано се вклкучување во борба за трофеите во двете конкуренции, првенството и Купот како и настап во Лигата на Европа – смета стратегот на „металурзите“.

Прочитајте и...  Меси нема страв од пандемијата, спие на анти-корона душек

Металург наредната недела ќе ги добие противниците во квалификациите за Лигата на Европа. Во полудиригирана жрепка тимот од Автокоманда е меѓу носителите во првото коло и Кастратовиќ очекува пласман во групната фаза. Првите натпревари во квалификациите е предвидено да се играат кон крајот на август.

Тимот и тренерот Кастратовиќ и во новата сезона ја продолжуваат клупската политика да им даваат шанса и на ракометарите од својата академија, па во првиот тим се прекомандувани Дарио Кофиловски, Теодор Тодески и Андреј Митиќ.

– Металург донесе квалитетни засилувања со кои јасно ги покажа амбициите за новата сезона, но во исто време во тимот имаме и млади и талентирани ракометари. Очекувам  од младите со напорна работа покрај искусните ракометарите да донесат дополнителен квалитет, а во исто време и да созреваат и да станат носители на играта на Металург во блиска иднина – смета тренерот на Металург, Зоран Кастратовиќ.

Прочитајте и...  Изненадување: Пирло ќе биде новиот тренер на Јувентус

Според планот на подготовки, ракометарите уште наредната недела ќе тренираат во Скопје по што на 31. јули се селат на висински подготовки во Маврово, а од таму ќе продолжат на турнирот во Струга кој е закажан од 12. до 16. август.

Прочитај повеќе

Елмас сепак од клупата ќе го започне дуелот против Барселона

Слободен печат

Изненадување: Пирло ќе биде новиот тренер на Јувентус

Слободен печат

Федерер е светец, а Ѓоковиќ демонот, дали е толку едноставно?

Слободен печат

Вардар очаен на стартот од новата , Борец им го зеде скалпот на „црвено-црните“

Слободен печат

Тажната приказна за тренерот кој го направи Федерер најдобар тенисер (ВИДЕО)

Слободен печат

Отказот на Сари ќе го чини Јувентус 20 милиони евра, ќе летаат и директорски глави во Торино

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Вавринка не размислува да игра на УС Опен: Условите во Њујорк се невозможни

Слободен печат

Кавани го направи изборот, ќе потпише тригодишен договор со португалскиот гигант

Слободен печат

Ботас пред Хамилтон во квалификациите, замената Хулкенберг заврши како трет во квалификациите

Слободен печат

Боксерскиот спектакл на Тајсон виси поради марихуаната?!

Слободен печат

Зарко ја освои пол позицијата во Брно

Слободен печат

Официјално: Јувентус го отпушти Сари

Слободен печат