Кастратовиќ: Имавме проблеми во одбраната, загубивме многу топки!

Поради лошите резултати Зоран Кастратовиќ ја напушти клупата на босанската Слобода Тузла/фото: рк металург

Металург го загуби првиот натпревар во Лига Европа, на гостувањето во Франција, поразен е од екипата на Тулуз со резултат 33:29 (18:15).

Домашната екипа во најголем дел од средбата имаше резултатска предност, најмногу со пет голови разлика, но и Металург имаше свои шанси и во неколку наврати имаше можност комплетно да ја анулира позитивата на противникот.

Тренерот на РК Металург, Зоран Кастратовиќ:

– Најпрво сакам да му честитам на противникот за победата. Ние овде дојдовме по добар резултат, но не успеавме во тоа поради лошата концентрација во одбраната во одредени моменти. Имавме проблеми во одбраната, загубивме многу топки, не успеавме да ја сопреме нивната транзиција. Нашата одбрана 6-0 денеска не беше добра како на претходните натпревари. Исто така, би сакал да му честитам на мојот тим за енергијата на овој меч, кој, за жал, го загубивме. Сепак, имаме уште девет натпревари во Лигата Европа и можност да играме подобро и да оствариме некоја победа – рече Кастратовиќ на вечерашната прес конференција.

Голманот на тимот од Автокоманда, Даниел Дупјачанец забележа девет одбрани.

– Најпрво, би сакал да му честитам на Тулуз за победата, беа подобри од нас и одиграа подобро во одбраната. Се согласувам со мојот тренер дека ќе мораме да поработиме во одбраната. Промашивме многу напади, а бројот на направените фаули врз противничките ракометари во одбраната беше мал, па можеби тие се причините за поразот. Во групната фаза на оваа Лига Европа ќе мораме да се подобриме како тим. Ќе мораме да анализираме, да видиме каде погрешивме и да извлечеме поука како да ги намалиме тие грешки – се зборовите на Дупјачанец после мечот.

Шанса за поправен испит „сино-белите“ ќе имаат веќе во следниот вторник (27 октомври) кога во Скопје ќе гостува полската екипа Висла Плоцк во рамките на второто коло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот