Кастратовиќ: Го посакувавме Криенс, фаворити сме но не смееме да го потцениме

фото: РК Металург

Екипата на Металург во последниот филтер пред групната фаза во Лигата на Европа ќе игра против швајцарскиот Криенс Луцерн.

Тренерот на „металурзите“, Зоран Кастратовиќ е задоволен од жрепката бидејќи токму Криенс беше еден од посакуваните противници.
– Пред почетокот на жрепката, Криенс беше еден од клубовите кои шнајмногу ги посакував. Сметам дека фаворитската улога и во овој дуел му припаѓа на Металург, но истата ќе мораме да ја оправдаме на терен. Засега немаме многу информации за противникот, каде игра и поранешниот ракометар на Металург, Лапајне, но ќе биде погрешно ако го потцениме Криенс. Сепак, се работи за цврст и добар тим, кој многу лесно ја реши хрватска Дубрава во првото квалификациско коло.

Тоа посебно важи за средбата во Хрватска, каде победија со девет гола разлика. Во суштина многу работи зависат од самите нас. Ако играме на посакуваното ниво, фокусирано и дисциплинирано, тогаш веројатно ќе немаме проблем. Не смееме да дозволиме да ни се повтори средбата со Спачва во Винковци, каде, место да го докршиме отпорот на противникот, претрпевме пораз. Во наредниот период сите заедно ќе работиме и ќе се обидеме да ги отстраниме сите недостатоци во нашата игра – изјави стратегот на Металург.

Првиот натпревар од Металург ќе го игра во својата сала во Автокоманда на 22. септември, а реваншот е за седум дена подоцна во Луцерн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот