Кастекс: Нема да има веќе карантин на државно ниво

Фото: EPA-EFE/GONZALO FUENTES / POOL MAXPPP OUT

Новиот француски премиер Жан Кастекс изјави денеска дека секој следен карантин нема да се воведе во целата земја доколку има ново зголемување на бројот на луѓе заразени од коронавирусот.

Претходната француска влада воведе строги мерки за затворање од средината на март до средината на мај, а одредени ограничувања на јавните собири се уште се на сила.

– Мора да бидеме подготвени за вториот бран, но нема да воведеме карантин во целата земја како во март, бидејќи тоа има ужасни економски и хуманитарни последици – изјави Кастекс за телевизијата БФМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот