Касиљас си најде нова работа

Фото: EPA

Икер Касиљас по преживеаниот срцев удар, повеќе нема да се враќа на фудбалските терени. Иако сакаше да ја продолжи голманската кариера, се чини дека по извршениот оперативен зафат е премногу опасно да се врати помеѓу стативите и поради тоа го послуша советот на кардиолозите да ја прекине кариерата.

Во новото поглавје од својот живот, Икер Касиљас останува во Порто, но како тим-менаџер, задолжен за комуникација помеѓу управата и фудбалерите.

– Сакав да ја завршам кариерата во Порто и за жал тоа го направив многу порано од планираното. Оперативниот зафат ми ја прекина кариерата но клубот постојано ме поддржуваше во овој период. Затоа одлучив да останам во Порто и тоа во нова улога, тим-менаџер – изјави Касиљас кој откри дека не сака да се занимава со тренерската работа.

Уште една легенда планира по завршувањето на кариерата, наместо во тренерски води, да остане во фудбалот но како дел од управата. Златан Ибрахимовиќ изјави дека по завршувањето на кариерата, желба му е да се врати во Ајакс и тоа како директор.
– Сакам да се вратам во Ајакс и да бидам директор на клубот. Ќе ја извршувам подобро функцијата од сегашните директори – изјави во свој стил, Ибрахимовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот