Кашманјан: Ништо не е готово, проблем ќе биде топлото време!

Фото: fcakashkert.am

Ерменскиот Алашкерт ја одржа својата прес конференција во пресрет на реванш натпреварот в четврток од првото квалификациско коло на Лига Европа во Скопје.

На првиот дуел на домашен терен фудбалерите на Алашкерт славеа со 3:1 против тимот на Македонија Ѓорче Петров. Денеска и ѓорчепетровци предводени од Таневски ги споделија своите очекувања.

Реваншот ќе се игра в четврток (18 јули) на ФФМ Тренинг центарот „Петар Милошевски“ – Скопје со почеток од 16.30 часот. Цената на влезниците е 100 денари, можете да купите билети и онлајн на karti.com.mk

– Ништо не е сменето од аспект на нашиот состав и тактиката во однос на првиот меч. Нашата цел е да се пласираме во следното коло. Ништо не е готово, патникот ќе се дознае по последниот свиреж на реваншот во Скопје. Наше е да одиграме добар фудбал и да одиме на победа. Проблем не само за нас, туку за двете екипи би бил терминот кога започнува мечот (16.30 часот), период кога воглавно преовладува топлото време – беа зборовите на тренерот на Алашкерт, Абрахам Кашманјан.

Српскиот голман на гостите, Огњен Чанчаревиќ вели дека триумфот дома не значи ништо. Свесен дека фудбалот денес нови изненадувања, а како последен пример го одвои шокот на Шкендија која славеше 0:1 против Номе Калју, а вчера изненадувачки загуби 1:2 и доживеа непријатна елиминација од ЛШ.

– Мораме да бидеме концентрирани во текот на мечот, да го дадеме најдоброто од себе и ја оствариме целта. Ја почитуваме екипата на Македонија ЃП, не знаевме многу за нив пред стартот на првиот дуел. Не смееме да ги потцениме – изјави Чанчаревиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот