Касано: Кристијано Роналдо е „голем проблем“ за Пирло!

Кристијано Роналдо беше голем ривал на Лео Меси во Шпанија/Фото: EPA-EFE/FILIPPO VENEZIA

Поранешниот репрезентативец на Италија смета дека петкратниот освојувач на „Златната топка“ претставува пречка за „бјанконерите“ откако се приклучи на клубот.

Кристијано Роналдо не е играчот кој што „беше пред четири години“, според Антонио Касано, кој воедно вели дека суперѕвездата на Јувентус е „голем проблем“ за тренерот на клубот, Андреа Пирло.

Не успеа да ги одведе италијанските гиганти подалеку од четвртфиналето во Лигата на шампионите, исто така ја загубија трката за Скудетото сезонава, а како како најава за тоа е поразот од Беневенто.

– Јувентус се ослободи од Масимилијано Алегри кој во последните 20 или 30 години, го произведе најдобриот фудбал во Италија и неговиот голем проблем беше Кристијано Роналдо. Беше за Маурицио Сари и сега е за Пирло – рече поранешниот напаѓач на Мадрид и Италија, Касано за Твич каналот на Кристиан Виери, „Бобо ТВ“.

Касано во својата кариера редоследно успеа еднаш да го освои Суперкупот на Италија со Рома, еднаш шпанската „Ла Лига“ со Реал Мадрид, а ги освои Серија А и италијанскиот Суперкуп во дресот на Милан.

Кристијано Роналдо најдобар играч во италијанската Серија А

– Роналдо е некој на кого треба да му дадете топка и да постигнува гол, размислувајќи за неговите рекорди. Роналдо не е играчот што беше од пред четири години. Го потпишаа за освојување на Лигата на шампионите и не успеаја. Пирло, како тренер дебитира и нема искуство да се справи со играчот со највисок медиумски профил во светот во неговиот тим, бидејќи може да создаде проблеми за тебе.

Дејан Кулушевски, на пример, е многу условен од Роналдо, тој не е слободен, тој секогаш го бара. Доколку имате млади луѓе без силен менталитет, тогаш се појавуваат проблеми – додаде Касано.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот