Касами: Здружение кое има узурпирано општински простории обавува активности од порнографски карактер

Билал Касами
Биљал Касами / Фото: МИА

Здружението „Социјален културен простор” кое ги има узурпирано општинските простории на поранешното радио Тетово, манипулира и се обидува истите да ги присвои, истакна денеска градоначалникот на Општина Тетово Биљал Касами. Тој упати остри обвинување кон здружениетo, кое како што рече наместо културни активности обавува активности од порнoграфски карактер.

„Земaјќи ги во предвид поплаките упатени до Општина Тетово од родители, кои се пожалија дека ова здружение има активности од поинаков карактер, кои немаат врска со културните дејности, туку користат средношколци, но и основци кои се малолетници, ние како општина сме должни да го заштитиме имотот и јавниот интерес, сносејќи одговорност за секаков вид несреќи што може да се случат. Да дополнам, има поплаки од родители за активности кои не се прилагодени за деца помлади од 18 години, со порнографски карактер“, рече Касами.

Со ваквиот однос, здружението воведува монопол врз другите здруженија и не е фер само тие да имаат ексклузивно право на овој простор, вели Касами. Тој ги повика да го напуштат објектот и тие како и сите други здруженија да конкурираат со проекти за користење на просторот, оти како што дополни, општината никогаш не биле против културни активности.

„Кога ја презедовме градската власт, дојдоа многу здруженија и побараа јавен простор за реализација на нивните активности, но не бевме во можност да им излеземе во пресрет. Oпштината сега одлучи да го реорганизира користењето на на објектот на радио Тетово, така што сите здруженија кои се активни во нашата општина вклучувајќи го и споменатото здружение ќе можат да аплицираат правично и еднакво со проекти, кои би ги реализирале во овој објект. Воедно нагласуваме дека во Меморандумот за соработка што го потпишаале општината и горенаведеното здружение, никаде не е нагласено дека користењето на просториите е траен и само за ова здружение. Ниту пак постои друг документ. Идејата не била туе простории да ги користи едно здружение, туку сите здружение и тој простор треба да менаџир Општина Тетово“, рече Касами.

Поранешен објект на радио Тетово / ФОТО – Слободен печат

Од „Социјалниот културен простор“, велат дека се шокирани од обвинувањата на Касами, дека тие во просториите обавуваат активности од порнографски карактер. „Нашите настани се јавни и секој може да дојде и да ги види“, велат од организациајта по прес-конференцијата на тетовскиот градоначалник.

-Драги пријатели и љубители на заедницата и просторот. Со најдлабока загриженост се обраќаме за да споделиме со вас еден тежок случај кој штотуку се случи во објектите на Општина Тетово, домот на сите граѓани на овој град. Вршителот на должноста градоначалник на Општина Тетово, Биљал Касами, на денешната прес-конференција, освен постојните клевети и погрешните пристапи за заедницата, нашиот простор, и младите кои 4 години го создаваат, одржуваат и фреквентираат, денес без никаков срам, јавно не обвини дека организираме „порнографски активности” во нашите простории. Шокирани сме од оваа длабоко навредлива изјава, особено што доаѓа од просториите на градската општина, храмот кој треба да биде прва помош во подобрувањето на условите и понудата за граѓаните и младите. Ние како заедница за оваа сериозна дезинформација и клевета ќе апелираме до надлежните правни органи, истакнаа од „Социјалниот културен простор“.

Оттаму додадоа дека тие не се узурпатори, туки волонтери кои го одржуваат просторот цели четири години.

– Не сме подготвени да го напуштиме просторот, оти со години инвестиравме – додаваат од здружението.

Тие во исто време побараа средба со Касами за решавање на проблемот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот