Касами: Започнати се консултации за обезбедување информации колку лица немаат државјанство

Билал Касами
Биљал Касами / Фото: МИА

Како дел од владината коалиција, веќе се започнати пошироки консултации да се обезбедат сите потребни информации за точната бројка на тие што немаат државјанство, причината зошто тие немаат поделба по однос на категоризација на тоа кои чекори треба да се преземат за да им се овозможи на сите граѓани во нашата држава да добијат државјнаство, информира на денешната прес-конференција во Собранието Билал Касами од БЕСА.

Тој ја обвини албанската опозиција дека блокадата од нивна страна не е за решавање на проблемот со државјанството, туку за придобивање политички поени.

– Во немање идеи и предлози за подобрување на животот на граѓаните, опозицијата се обидува преку блокада да придобие евтини полтички поени, нагласи Касами.

Додаде дека Владата работи на изнаѓање практично решение кое ќе биде во согласност со Конвенцијата на Обединетите Нации и Европската конвенција.

– Сите коалициони партнери во оваа Влада, додаде, сме согласни и работиме на изнаоѓање на практично решение кое ќе биде во потполна согласност со Конвенцијата на Обединетите Нации за да се намали бројот на граѓани кои не поседуваат државјнаство, како и Европската конвенција со тоа да овозможиме рамноправност на сите граѓани, но воедно и да докажеме дека политичката битка на опозицијата во суштина не е за решавање на овој проблем, туку за блокирање на работата на владеачкото мнозинство во делот на обезбедување подобар живот и економски поволности од еконосмкиот пакет мерки предложени од страна на Владата, заклучи Касами.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот