Касами: За дефектот во тетовскиот водовод чекаме делови од странство, ќе се ревидира целиот Лешнички систем

Тетово / Фото: МИА

Актуелниот дефект на новиот водоснабдителен систем ќе се надминува кога ќе се создадат временски услови, вели градоначалникот на Тетово, Биљал Касами.

Тој најавува ревизија на целиот проект за Лешничкиот водоснабдителен систем за да се утврди дали може да функционира или ќе се бара алтернатива.

– Се работи на санирање на дефектот во време кога ќе се создадат временски услови ќе се интевенира. Даден е налог да се набават некои посебни спојки кои претријатието ги нема, со процедура да се набават кои ги нема ниту во државата и ќе треба од надвор да се набават затоа што со тоа што досега се обидуваат да го санираат не издржува цевката не е според стандарди и затоа требало некои посебни спојки од надвор. Дадов налог на ЈКП во соработка со приватни оператори да се обезбедат тие спојки и во моменти кога ќе се создадат услови временски да се интервенира и да се санира, рече денеска Касами на прес-конференција.

Според него, додека дошол на функцијата имал информации дека Тетово има проблем со губење на водата во дотраена градска мрежа, но не и со овој нов водоснабдителен систем. Увидел дека целиот проект бил со недостатоци.

– Прво трасата е сменета во дел каде што има свлечиште, второ, цевката нема според тоа колку бари треба да издржи така да има издржани сомневања дека целиот проект е реализиран без потребните стандарди. Во ниту еден случај не очекував дека водовод кој е сега изграден на кој се трошени милионски суми, не може да биде функционален. Ме убедуваат дека со постојаните проблеми дека тој водовод не може да биде во функција. Затоа од вчера веќе дадов налог да се формира комисија која ќе направи ревизија на целиот тој проект. За информација на јавноста тој проект се уште не е примен. Не е направен технички прием на системот за довод на вода од Лешница до филтер станица над Лисец. Веќе е дадена обврска на секторот да се формира комисија за ревизија после тоа ќе излеземе со информација дали и колку ќе ја чини општината тој проект да се стави во функција дали ќе имаме можност тој да го ставиме во функција или ќе треба да најдеме алтернативно решение, истакна Касами.

Градоначалникот рече дека откако дошол на функција четири пати досега се интевенирало на тој систем.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот