Касами: Во коалицијата се добредојдени сите партии посветени на евроатлантскиот пат

Фото: Слободен печат/Драган Митровски

На новинарско прашање дали по изборите би се согласиле да влезе и ДУИ во нивната коалиција, Касами изјави дека тоа е можно за сите политички партии кои би ги прифатиле вредностите на оваа коалиција без прифаќање на никакви услови и уценувања.

Во коалицијата се добредојдени сите партии посветени на евроатлантскиот пат на Северна Македонија, вели претседателот на движењето БЕСА Биљал Касами, по денешното официјализирање на коалицијата со СДСМ.

На новинарско прашање дали по изборите би се согласиле да влезе и ДУИ во нивната коалиција, Касами изјави дека тоа е можно за сите политички партии кои би ги прифатиле вредностите на оваа коалиција без прифаќање на никакви услови и уценувања.

Движењето Беса е партија создадена од потребите на граѓаните на Северна Македонија, а особено на албанските граѓани, се појави како револт од неуспехот на ДУИ и ќе продолжи уште долго време по заминувањето во историјата на ДУИ, рече Касами, коментирајќи ја денешната изјава на вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи дека „Топењето на Беса во ,сојуз’ со СДСМ е на штета на Албанците”.

Нашата партија, укажа, е автентична, автономна и автохтона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот