Касами: Тетово ќе има вкупно 3.730 паркинзи до крајот на 2022

Билал Касами/ Фoто: Општина Тетово

Градоначалникот на Тетово Билал Касами го презентираше планот за изградба на паркинзи за 2022 година. Според планот се предвидува проширување на зонските паркиралишта и доградба на паркинзи на територијата на градот Тетово во пет фази.

– Тетово долго време го чувствуваше недостатокот на паркинг-места. Урбанистичкиот хаос создаде на тетовските улици колони и долги чекања во сообраќајот. Од времето кога сме на чело на оваа институција ги анализиравме сите прашања за да го направиме најдоброто за нашиот град и да понудиме подобри решенија за нашите граѓани. Планот за реализација на паркинзи за 2022 година предвидува проширување на зонските паркинзи и доградба на паркиралишта на територијата на град Тетово во пет фази, информира првиот човек на Тетово Билал Касами.

Според планот во првата фаза, во првиот квартал јануари-март ќе се градат паркинг-места на кои им треба само сообраќаен проект и одобрение од МВР, Сектор за внатрешни работи Тетово. Во оваа фаза ќе бидат изградени дополнителни 195 места за паркирање, додека 230 ќе бидат затворени. Во првата фаза ќе бидат изградени вкупно 425 дополнителни паркинг места. Втората фаза, април-јуни, опфаќа нови затворени паркинзи на кои ќе се градат 415 нови места. Во третата фаза јули-септември – ќе бидат опфатени два булевари, „Благоја Тоска“ со 150 и дел од булеварот „Илинден“ со 80 паркинг места. Вкупно во оваа фаза Општина Тетово планира да изгради 230 места. Во четвртата фаза октомври-декември се опфатени главно затворени паркинзи како и во втората фаза и ќе се изградат 130 нови места за паркирање. Во петтата фаза, која ја опфаќа цела 2022 година, јануари-декември, се предвидува изградба на катни гаражи. Две паркиралишта кај зелениот пазар во Тетово, едното со 350 паркинг места, а другото со 280 паркинг места, едното на локација во близина на судот и едното на Попова шапка со вкупно 950 паркинг места.

– Работниот тим веќе започна со анализа и проектирање на планот и ќе ги регулира имотно-правните прашања, а ќе изготвиме и геодетски мерења, структурни проекти, добивање градежни дозволи, комуникациски проекти и одобрение од МВР Тетово. Во моментов, претпријатието за паркиралишта на општина Тетово располага со 420 зонски паркинг-места и 220 места во затворени паркиралишта. Вкупно нови зонски места ќе бидат 425, затворени 775 и во катните гаражи – 1890 места. Ќе имаме вкупно 3090 нови места за паркирање. Со сегашните паркинзи и со планот предвиден за 2022 година, Тетово ќе има вкупно 3730 паркинг-места, нагласи Касами.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот