Касами се правда за објавата со „Тетово-албански центар“, од СДСМ му порачаа дека е изгубен во просторот

bilal kasami
Билал Касами/ Фото - Општина Тетово

Градоначалникот на Тетово Билал Касами се огласи во врска со неговата денешна објава во која Тетово го нарече „албанско седиште во Северна Македонија“ – тој вели дека не се работи за „главен град“, како што беше пренесено на повеќе медиуми, туку за „центар“.

„Не се работи за никаков „главен град“, туку за „центар“ на Албанците во Северна Македонија. Во објавата стои многу јасно тоа што сакавме да го кажеме. Тоа е реалноста, а тие што сакаат да ја злоупотребат, се обидуваат да и дадат друга насока“, вели Касами.

Во меѓувреме, на националистичките тонови во објавата на Касами реагираа и од општинската организација на СДСМ од Тетово, од каде му порачаа на градоначалникот дека „нема ориентација во просторот“.

„Недостојно е за еден градоначалник кој својата плата ја зема од парите на тетовчани, кои се и Македонци и Албанци и Турци и Срби, Роми и останати, да споделува вакви ставови фаворизирајќи една етничка група. Да го потсетиме градоначалникот Касами дека на таа функција дојде благодарение на поддршката која му ја даде ВМРО-ДПМНЕ, односно со помош на македонските гласови. Очекуваме и неговиот коалициски партнер ВМРО-ДПМНЕ да излезе со осуда на ваквите ставови на нивниот градоначалник“, велат од партијата.

Градоначалници од Косово и Србија на средба кај Касами: Соработката е важна за развој на туризмот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот