Касами: Овие избори се многу важни за Македонија да продолжи по нејзиниот евроатлански пат или да се врати назад во диктатура

Претседателот на партијата Движење Беса, Биљал Касами своето право на глас денеска го оствари во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ” во Тетово на избирачкото место 1947.

Гласањето беше изведено според здравствените протоколи со дезифекција и задолжително носење маска.

Денеска го искористив моето граѓанско право да гласам на овие фер, демократски и сигурни по здравјето на граѓаните избори. Овие избори се многу важни за Македонија да продолжи по нејзиниот евроатлански пат или да се врати назад во необјавена диктатура во која живеевме повеќе од 10 години. Во овие избори ја имаме таа златна можност да гласаме, за да продолжи евроатланскиот процес и патот на Македонија за конечно како што станавме дел од НАТО да станеме дел од Европската унија, за да станеме дел од развиениот европски свет и да бидеме меѓу развиените европски народи. Значи денес ја искористив таа можност да ги повикам сите мои сограѓани да излезат да гласаат затоа што изборите се сигурни по нивното здравје, а тоа што е најважно овие избори таа златна можност да гласаат за да се продолжи евроатлатскиот пат и процеси во Македонија, истакна Касами.

Според Касами, ние можеме уште повеќе да ги забрзаме процесите кон интегрирање на Македонија кон Европската унија, затоа уште еднаш порача граѓаните да ја искористат оваа можност да изберат свои претставници за да изберат продолжување на патот на интеграција на Македонија во ЕУ, како што се интегриравме во НАТО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот