Касами обвини за политички притисок врз Општина Тетово поради истрага на финансиската полиција

Билал Касами
Биљал Касами / Фото: МИА

Градоначалникот на Тетово Биљал Касами ја обвини централната власт дека му врши политички притисок откако утрото денеска во Општина Тетово дошла финансиска полиција. Касами смета така затоа што тоа било за некој предмет од пред 10-ина години.

– Во кризна ситуација во која се наоѓаме, кога менаџираме тековна ситуација, до денес не се исплатени плати затоа што сметката е блокирана, кога ние не успеваме да ја контролираме целата ситуација, непоканети гости имаме од финансиска полиција. Со некој повод за некое сомневање за времето кога градоначалник бил Сади Беџети. Јас тоа го ценам како политички притисок, изјави Биљал Касами кој присуствуваше на одбележување годишнина на Универзитетот на Југоисточна Европа.

На новинарско прашање за негов коментар за најавената средба помеѓу Зоран Заев и Африм Гаши од Алтерантива и евентуална промена во парламентарното мнозинство, Касами рече дека ќе зборува само на теми на кои може да одговори како градоначалник.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот