Касами: Ние сме дел од опозицијата, Беса нема да биде во влада со ДУИ

Биљал Касами, Беса / Утрински брифинг

Претседателот на Движењето Беса, Биљал Касами, во изјава за телевизија Алсат демантира дека кој било друг пратеник од неговата партија би можел да одлучи да остане дел од парламентарното мнозинство.

Според него, партиските органи одлучиле и Беса е дел од опозицијата.

– Пратениците на Движењето Беса, со својата слободна волја се во оваа позиција, дел од опозицијата согласно преземените одлуки од партијата. Додека не се случи некаква ситуација што се случи, јас имам целосна доверба кон двајцата пратеници на Беса, како што имав целосна доверба кон тројцата, рече Касами.

Тој е уверен дека 61-от пратеник потребен за ново парламентарно мнозинство нема да биде од Движењето Беса.

– Тоа што и понатаму останува како став на Движењето Беса е падот на Владата. Од моментот кога ќе падне Владата, проценуваме дека ќе се создаде сосема нова ситуација, сосема поинакво мнозинство, многу постабилно од оваа што е дискутабилна и оценувам дека на земјата и е потребна политичка влада која ќе ја забрза интеграцијата кон ЕУ, рече тој.

Касами не ја исклучува можноста за идна соработка ниту со СДСМ, ниту со ВМРО-ДПМНЕ, но вели дека тоа треба да биде врз основа на договор за да се работи на напредокот на земјата кон ЕУ.

Тој категорично ја исклучува можноста да бидат дел од Влада каде што би била и ДУИ. Соработката со албанските опозициски партии ја сметаат за неопходен оперативец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот