-0.3 C
Скопје

Касами: Дојдено е времето ДУИ да оди во опозиција

Биљал Касами, лидерот на движењето Беса и носител на листата на коалицијата „Можеме” за Шестата изборна единица, вечерва се обрати на собири во населбата Ново Маало во Гостивар и во селото Здуње. Во обраќањето пред сопартијците во Гостивар, Касами рече дека овие избори се важни, бидејќи како што нагласи со нив ќе се симне од власт политичка партија која изминативе години вршела големи злоупотреби.

– Сакаме да испратиме пораката дека е веќе дојдено време конечно ДУИ да оди во опозиција. Ова поради фактот што тие повеќе од 18 години успеаја да ги злоупотребат државните позиции во нивен личен интерес, во нивно лично збогатување и на членови на нивните фамилии. Затоа сега ја имате таа можност, со тоа што ќе гласате за бројот „3″, ќе гласате за движењето Беса и за коалицијата „Можеме” и да донесете на власт една нова елита на политичари кои ќе се грижат за вашите интереси, ќе се грижат пред сè за вашето здравје, за вашата добра иднина. Ние ви гарантираме дека можеме да се грижиме за вашата економија и за вашите интереси, рече Касами.

Прочитајте и...  Општина Карпош: Училиштата на наша територија се подготвени за почеток на второто полугодие

На собирот во гостиварската населба Ново Маало, кој се одвиваше според пропишаните протоколи за заштита од ширење на корона вирусот, зборуваа и кандидатите за пратеници Фадиљ Зендели, Абдуш Демири, Фљорие Синани и шефот на изборниот штаб Џеваир Мифтари.

Поврзани вести

Фон дер Лајен: Западен Балкан ќе ги добие ветените вакцини најбрзо што може

Слободен печат

Лидерите на ЕУ заклучија: Границите остануваат отворени, но се воведуваат рестрикции за патувањата

Слободен печат

Зошто Твитер трајно го суспендираше профилот на Трамп: Хронологија на сите навреди во последните 6 години

Слободен печат

Швајцарија веќе нема да биде неутрална? Државата покрена кампања после која ништо нема да биде исто

Слооден печат

Фолскваген може да заработи казна од над 100 милиони евра за неисполнување на целта на ЕУ за емисија на гасови

Слободен печат

Бајден: Следниот месец во САД ќе има 500.000 починати од ковид-19

Слободен печат

Остави Коментар