Касами: Додека Реџепи не се појави лично да го каже својот став, ќе се сомневам дека некаде е држен со сила

Биљал Касами
Биљал Касами / Фото: Скриншот

Движењето БЕСА стои во ставовите за пад на овој режим, изјави предмалку пред Собранието лидерот на партијата, Билал Касами.

– Последните случувања со пратеникот Кастриот Реџепи покажуваат дека оваа власт е спремна на сѐ. Додека не видам јасна слика и глас на пратеникот, додека тој лично не се појави да го каже својот став, ќе се сомневам дека против своја волја го декларирал ставот, изјави Касами.

Тој посочи дека последен пат со Реџепи се слушнал вчера и дека е во контакт со инситутциите за да дознае каква е неговата состојба.

Доколку се утврди дека ставот на Реџепи е лично негов, како што рече Касами, партијата дополнително ќе разгледува дали тој ќе биде исклучен од партијата.

На прашањето дали Реџепи синоќа бил пратеникот од БЕСА на координативната средба со Заев во владата, како што изјави Мендух Тачи, Касами рече дека тоа е претпоставка.

 

Само 60 пратеници се присутни во салата, Кастриот Реџепи од Беса никаде го нема

Биљал Касами: Не сум изненаден од одлуката на Кастриот Реџепи

ВИДЕО | Тачи: Јас сум добро информиран човек – нема шанси да падне владата, а ќе има нови министри

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот