Карванот „Учи паметно, работи стручно” продолжи со консултативна средба во Гостивар

Во рамки на проектот „Учи паметно, работи стручно” во Гостивар се одржа консултативна средба помеѓу претставници на Министерството за образование и наука, средните стручни училишта, бизнис-заедницата и локалната самоуправа. Преку дебатата која се водеше, инволвираните страни треба да разменат идеи за ги идентификуваат потребите од отворање одредени профили и паралелки во средните стручни училишта.
Министерката за образование и наука Мила Царовска ја нагласи потребата од креирање на профили за кои е потребно навремено да се отворат конкурси и тие да бидат според потребите на бизнис секторот. Таа најави и конкретна финансиска поддршка за изучување на струките кои им се потребни на компаниите.
Со овие средби пред сè утврдуваме кои профили се потребни на пазарот на труд и да се отворат паралелки за претстојната 2021/22 учебна година. Сметаме дека училиштата се флексибилни да ги приспособат програмите заедно Центарот за стручно образование. Од друга страна пак од компаниите очекуваме да ги отворат вратите за пракса. На тој начин, тие ќе остручат, а од друга страна ќе ја научат културата и динамиката на работењето со што ќе станат повработливи, изјави Царовска.
Таа потенцираше дека во правецот на делување и за оваа намена, Министерството ќе стипендира профили кои низ овие дебати се покажале како важни за реалниот сектор.
По средбата, заменик-министерот за образование и наука Арафат Шабани рече дека Министерството активно работи на подобрување на средното стручно образование и целта е по завршување на училиштето, младите да имаат вештини и знаења кои ги бара пазарот на трудот.
Градоначалникот на Општина Гостивар потенцираше дека во општината функционираат три стручни училишта притоа истакна дека од целиот проект очекува да придонесе за унапредување на средните стручни училишта во Гостивар и да се продуцира кадар кој ќе ги задоволи потребите на пазарот на трудот и намалување на невработеноста.
Претходно вакви средби се одржаа во Свети Николе, Куманово и во Штип, а ќе продолжи денес во Кичево.
Овој процес, Министерството за образование и наука го реализира во соработка и со поддршка од Амбасадата на Швајцарија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот