Картичките со пари од државата се празнат, храната поскапува

Граѓаните што ги добија домашните платежни картички, наголемо ги трошат парите, купувајќи и правејќи резерви храна. Крајниот рок за добивање картичка е 18 јули и за повеќе од  320 илјади граѓани ова е добра можност да го поправат семејниот буџет, а за таа цел државата ќе потроши околу 28 милиони евра. Техничкиот премиер Оливер Спасовски најави и четврти сет економски мерки за справување со последиците од корона-кризата, со доделување платежни картички и за пензионери, стечајни работници, невработени што не се активни баратели на работа, како и за секој самохран родител.

– Пензионерите со пензии до 15.000 денари треба да добијат еднократна парична помош од 9.000 денари, додека стечајните работници за трошење ќе имаат 12.000 денари за купување домашни производи – рече Спасовски.

Прочитајте и...  Заев: Во ЕУ ќе влеземе како Македонци кои зборуваат македонски јазик

Во меѓувреме, полека и во мали проценти храната поскапува. Првпат годинава цените на храната се зголемија во јуни и покажаа мала стабилизација по остриот пад предизвикан од пандемијата на коронавирусот, соопшти Организацијата за храна и земјоделство (ФАО). „Тоа е прво зголемување на месечно ниво од почетокот на годината. Во услови на континуирана пазарна неизвесност, цените на растителните масла, шеќерот и млечните производи се стабилизираа по остриот пад во мај, додека цените на житото и на месото забележаа маргинално намалување“, се наведува во извештајот на ФАО, објавен на почетокот на јули.

И домашната статистика нотира поместувања на цените, па оттука и пресметката дека трошоците на животот во јуни 2020 година, во однос на јуни 2019 година, се зголемиле за 1,7 проценти, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 0,2 проценти. Ако пак се споредува јуни со мај, цените на мало се зголемиле за 0,8 проценти. Во јуни поскапеле свежото и разладеното овошје за 13,6 проценти, свежиот и разладениот зеленчук, за 6,2 проценти, сувото овошје и јаткастите производи за 3,5 проценти, пивото за 0,9 проценти, лебот и житата за 0,6 проценти…

Прочитајте и...  Откриено која крвна група е поотпорна од другите во однос на коронавирусот

А, за да ги купат продуктите за минималната потрошувачка кошница, според Сојузот на синдикатите на Македонија, во јуни на едно четиричлено семејство му требале 33.487 денари. Дури 42,9 проценти од синдикалната кошница се трошат за храна и пијалаци, а 31,12 проценти на трошоците за домување. За храна и пијалаци во јуни биле потребни минимум 14.366 денари, а за намирување на трошоците за домаќинство 10.422 денари. За минималните трошоци за превоз се потрошиле 2.447 денари, а за хигиена 2.330 денари. Минимумот за облека и обувки изнесувал 2.144.

Поврзани вести

Курц: Со недели и месеци ќе живееме со ограничувања

Лука Андреев

Наумовски: Оптимист сум дека ќе изнајдеме решение!

Слободен печат

Србија денеска со рекорден број жртви, Косово ја надмина бројката на илјада починати

МИА Агенција

Кафуле во Радовиш не ги почитувало протоколите, заработи кривична пријава

Слободен печат

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за тајни средби во Софија на владини претставници

Лука Андреев

Спречен шверц на кафе од Албанија

Слободен печат

Остави Коментар

MacedonianAlbanian