Картичка со ликот на Дончиќ продадена за речиси пет милиони долари

epa08118440 Dallas Mavericks forward Luka Doncic of Slovenia reacts after a basket against the Los Angeles Lakers in the second half of the NBA basketball game between the Los Angeles Lakers and the Dallas Mavericks at the American Airlines Center in Dallas, Texas, USA, 10 January 2020. EPA-EFE/LARRY W. SMITH SHUTTERSTOCK OUT

Изминатиот викенд е исплатена рекордна сума за спортска картичка за колекционери. За сликичката на дебитантот Лука Дончиќ се исплатени неверојатни 4.6 милиони долари.

Станува збор за колекционерска картичка од сетот за сезоната 2018/19 во која Дончиќ беше дебитант, а картичката има озната „Auto Logoman 1/1“.
Сетот НБА картички за сезоната 2018/19 е еден од најдобрите бидејќи има 10 картички кои тешко може да се пронајдат. Овој сет картички речиси е невозможно да се комплетира, додека целиот сет на НБА картички за сезоната 2019/20 се продава за само 4.500 долари.

Дебитантската картичка на Лука Дончиќ е прва која е направена за словенечки кошаркар кој во меѓувреме стана ѕвезда на Далас маверикс, но и во НБА лигата.

Зборот „Auto“ во описот значи дека картичката е потпишана лично од Лука Дончиќ и тоа за време на нејзината изработка. Зборот „logoman“ значи дека на картичката се наоѓа и логото на клубот, но во овој случај тука е логото на НБА лигата, кое го имаат само ретки картички од овој тип и токму тоа и ја крева вредноста.
Описот „1/1“ е јасен, на светот постои само една ваква картичка и никогаш нема да биде направена друга.
Каритчката е продадена на 27. февруари за неверојатни 4.6 милиони долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bolillo Lajan San (@shyne150)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот