Картер сака да го дочека својот 100-ти роденден за да гласа за Камала Харис

Фото: Џими Картер

Поранешниот американски претседател, демократот Џими Картер, кој на 1 октомври треба да наполни 100 години, изрази надеж дека ќе живее доволно долго за да гласа за Камала Харис на претседателските избори во ноември.

Картер, кој е на домашна палијативна нега од февруари 2023 година, изјавил дека сака да го дочека својот 100-ти роденден.

Само се обидувам да издржам за да можам да гласам за Камала Харис, рекол Картер, според неговиот внук Џејсон.

Внукот тврди дека во последните денови Картер бил „пожив и позаинтересиран за политиката и за војната во Газа“.

Поранешниот лидер на демократите, кој „живееше“ во Белата куќа од 1977 до 1981 година, е најстариот жив американски претседател.

Камала Харис  е убедена дека ќе биде кандидат на демократите на претседателските избори, по одлуката на актуелниот претседател Џозеф Бајден  да се повлече од изборната трка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот