Карпошани наскоро ќе имаат нов парк (ФОТО)

Започна изведбата на нов парк во општина Карпош. На површина од 4.000 метри квадратни, во близина на стариот влез на Градски парк, под булеварот „8 Септември“, целосно ќе се раззелени простор кој до овој момент беше запуштен.

Во новиот парк ќе има новопроектирани високи и цветни дрвја, висока декоративна трева, грмушки, високо заштитно зеленило, цветни, перени и луковици.

Покрај разновидното зеленило и фонд на дрвја, паркот ќе биде збогатен и со други содржини, кои ќе го привлечат вниманието на карпошани. Предвидено е да има простор за детски игри (детско игралиште), како и оградено место за домашни миленици.

Во овој парк ќе биде поставен и мултифункционален контејнер, со цел правилно одлагање и селекција на отпадот. Изведбата на паркот се очекува да заврши на почетокот на август.

Поставувањето на новото зеленило и садници е донација од компанијата „Хорти Експерт МК“, со што сакаат да ја покажат својата општествена одговорност и грижа кон заедницата.

Општина Карпош во изминатиов период интензивно работи на зголемување на зеленилото и заштита на животната средина. Неодамна заврши и пролетната акција за засадување на 287 нови дрвја, а се раззеленија и дел од училишните дворови и платоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот