Карпош ќе добие нови паркови и зелени површини

Повеќе делови од општина Карпош ќе бидат хортикултурно уредени, е договорено на денешната средба на градоначалникот Стефан Богоев и директорот на „Паркови и зеленило” Адријан Муча и оперативниот директор на претпријатието Игор Вељаноски.

Планирано е хортикултурно да се уреди потегот спроти хотелот „Карпош” на улицата „Шекспирова”, да се  разубави делот околу Драмскиот театар и редот кај „Тинекс” маркетот во Карпош 2, ново зеленило ќе има на потегот долж булеварот „8 Септември”, како и делот од спротива, а ќе се разубави и потегот на ул. Љубљанска, поточно, зеленилото спроти кафе барот „Чаптер”.

– Имаме шанса да добиеме нови „бели дробови” не само за Карпош, туку за целиот град. Нашата намера е да започнеме со изведба на содржинскиот дел од паркот и веќе добивме грант од Светска банка за оваа намена, но потоа, целосно да го уредиме и продолжението на овој потег, за што ни е потребна поддршка од страна на ЈП „Паркови и зеленило” и градските власти, истакна градоначалникот Богоев.

На средбата станало збор и за изградба на Спортско – адреналинскиот парк кој ќе биде лоциран долж Кејот на Вардар, од вештачката карпа до бунарите на рeката Лепенец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот