Карпош: Кабастиот отпад да се одлага на пунктот на „Комунална“

Кабастиот отпад како застарен мебел, електричен и електронски отпад граѓаните можат да го одложат во пунктот на ЈП „Комунална хигиена” Скопје, во Карпош 3 долж булеварот Илинден, позади бензинската станица „Макпетрол”, соопшти општина Карпош.

Овој пункт работи од 7.30 до 19 часот секој ден и оваа услуга е без паричен надомест.

Од Општината наведуваат дека кога станува збор за транспорт на кабастиот отпад и негово подигнување од домаќинството, граѓаните можат да контактираат со јавното претпријатие на 0800-222-33. Оваа услуга се наплаќа.

Општина Карпош ги потсетува сите граѓани, правилно и совесно да го одложуваат кабастиот отпад и истиот да не го фрлаат околу контејнерите за комунален отпад.

Комуналните служби на општина Карпош, се вели во соопштението, се во координација со ЈП „Комунална хигиена” за да се спроведе и викенд-акција за подигнување на кабаст отпад. Намерата е да се постават поголеми контејнери на повеќе локации во населбите.

– Сите сме одговорни за чиста општина и заштита на животната средина. Сите информации и контакти во врска со одложувањето на отпадот се поставени на веб страната: https://bit.ly/3doq5py – се додава во соопштението од локалната самоуправа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот