Карпош годинава намени 500.000 денари за субвенционирање на велосипеди и 650.000 денари за чистење на депонии

Буџетот и сите буџетски програми на Општина Карпош од денеска се достапни на веб страната www.karpos.gov.mk. Како што соопштија од општината, изработен е посебен таб, насловен како „Граѓански Буџет 2021″, каде граѓаните можат да ги видат проектите за кои се предвидени средства во оваа буџетска година.

Исто така, локалната самоуправа преку своите социјални мрежи информира дека почнува и со дополнителна афирмација на проектите кои ќе ја одбележат 2021 година. Целта е граѓаните уште повеќе да се запознаат со начинот на кој ќе се трошат нивните пари.

Во делот на животната средина, Општина Карпoш предвидува 8.500.000 денари за одржување на постоечкото зеленило. За засадување на нови дрвја, тревни површини и системи за наводнување планирани се 6.000.000 денари.

-И оваа година, ќе поддржиме субвенционирање на велосипеди со 500.000 денари, а 650.000 денари ќе се потрошат за чистење на депонии. Продолжуваме и со сеопфатна социјална заштита на локално ниво. Затоа одвојуваме 3.000.000 денари за поддршка на лица и семејства во социјален ризик и 550.000 денари за финансиска поддршка на лицата со попреченост, посочуваат општинските власти.

За основното образование, како што информираат, одвоени се средства од 300.000 денари за поддршка на ученици кои ќе учествуваат на домашни и меѓународни натпреварувања; 1.000.000 денари за стипендии за талентирани ученици; 1.080.000 денари за личните и образовни асистенти.

Од општината најавија дека во претстојните денови, во рамки на табот „Граѓански буџет 2021″ дополнително ќе се поставуваат проектите – во форма на креативи, кои беа одобрени од Советот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот