Карпош ги награди најуспешните ученици-спортисти

На новите терени на фудбалското и кошаркарско игралиште во ООУ „Јан Амос Коменски“ денеска се одржа доделување на признанија на најуспешните ученици – спортисти во Училишните спортски лиги во ракомет, фудбал, кошарка и одбојка, а наградени беа и професори по физичко образование.

На овој спортски настан присуствуваа и дел од нашите спортски легенди во ракомет и кошарка, Валентина Радуловиќ и Ѓорѓи Чековски, како и селекторот на Одбојкарската федерација, Дејан Стојанов и нашиот перспективен фудбалер Дарко Чурлинов.

Овие спортисти заедно со градоначалникот Стефан Богоев ги доделија признанијата за најуспешните, при што најдобрите спортисти – ученици добија еднократна парична поддршка во вредност од 8.000 денари.

– Карпош ги има едни од најдобро организираните Училишни спортски лиги, а присуството на овие врвни спортисти е потврда за квалитетот на истите. Општината изминатата година сериозно инвестираше во подобрување на спортската инфраструктура, па затоа имаме нови терени во ООУ „Јан Амос Коменски“ и ООУ „Војдан Чернодрински“, рече Богоев.

Градоначалникот се потсети и на моментите кога тој учествувал во системот на натпреварувања во основното образование и ги мотивираше учениците да работат на остварување на својот сон.

Присутните ученици – спортисти имаа можност да разменат мислења со искусните професионалци Радуловиќ, Чековски и Чурлинов, за нивните планови и сериозноста да се занимаваат со спорт на професионален начин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот