Карпентер: Руските валкани пари можат да влијаат на црногорските избори

Фото: Твитер

Директорот на невладиниот центар „Пен Бајден“ и поранешен официјален претставник на Пентагон, Мајкл Карпентер, рече дека клучна работа на која треба да се обрне внимание во Црна Гора е влијанието на руските валкани пари.

Во интервју за „Гласот на Америка“ тој рече дека во пресрет на следните избори, неопходно е да се биде во режим на подготвеност заради евентуално мешање на Русија, но и „руска закана во иднина“.

– Можеби не обид за пуч, но повеќе мешање, од различен вид. Некои случаи на кривично гонење на руските воени разузнавачи на ГРУ, кои учествуваа во пучот во 2016 година, но и на некои црногорски опозициски политичари, покажуваат дека имало многу руски валкани пари во црногорската политика. Јас тоа би го следел внимателно, како една од клучните работи што може да се случи и да влијае на изборниот процес, рече тој.

Според него, може да има и други работи, како што се сајбер напади и други видови мешање, што би го натерало да каже дека Црногорците сè уште не се безбедни и треба да бидат подготвени за следните избори.

Според него, дијалогот меѓу црногорските власти и опозицијата е најдобро решение, како за изборите следната година, така и за реформите што треба да се спроведат понатаму.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот