ВИДЕО: Карпа тешка 20 тона се заканува да падне во браната Матка

карпа матка
ЦУК прес-конференција / Фото Слободен печат

Центарот за управување со кризи алармира за опасност од паѓање на карпа тешка околу 20 тона, а се наоѓа на висина од сто метри, на кањонот Матка. 

ЦУК прес-конференција/ Фото Слободен печат

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов вели дека предупредувачко известување добиле од ЕВН Електрани од каде ја забележале карпата.

– Се работи за голема кинетичка енергија.  Ако оваа карпа падне, голема е  веројатноста со себе да повлече лавина од одрони. Веројатно нема да направи штета на самата брана, но ние за да  избегнеме трагедија испративме предупредување до повеќе институции, како МВР, ИЗИЗ, Градежен факултет, Геолошки завод, Државен инспекторат за животна средина, Дирекција за заштита и спасување, алпинистичка федерација.  Посебно предупредување упативме до субјектот кој оперира со пловните објекти на Матка, рече Ангелов, при што потенцираше дека наскоро ќе биде физички заграден делот под карпата за  да не може да се плови со чамци во нејзина близина.

ЦУК прес-конференција / Фото Слободен печат

Една од опциите да се отстрани карпата е контролираното рушење на истата, но според Ангелов, мала е веројатноста таква акција да биде преземена. 

ЦУК прес-конференција/ Фото Слободен печат

-Ние ќе ги собереме сите информации и ќе објасниме каква е реалната соостојба. Во овој момент според информациите кои ги имаме од ЕВН електрани, ѕидот на браната не е во опасност. Но за да бидеме сигурни, ќе ги собереме сите информации и што може да се преземе, нагласи Ангелов.

Ангелов апелира сериозно  да се сфатат предупредувањата за одрони, не само на Матка, туку на сите патни правци во државава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот