Каролина Гочева сподели серија фотографии по кои ќе ја памти 2020 година

Иако оваа пандемиска година ни донесе многу предизвици и ни го промени начинот на живот во целост, сепак, сите ќе ја памтиме и по нешто добро. Научивме многу нови работи за себе и луѓето околу нас, имавме мали победи на кои сме горди и се научивме дека сè уште има надеж.

Можеби празниците ќе ги поминеме во поразличен амбиент од останатите години, но тоа не е причина да не веруваме дека новата година што доаѓа ќе биде поубава и поуспешна од годината во заминување.

Ова несомнено е еден од најубавите периоди во годината, период во кој се сеќаваме на сè што доживеавме и пребродивме во изминативе 365 дена.

Нашата пејачка Каролина Гочева иако приватниот живот го чува далеку од очите на јавноста, сепак, понекогаш знае да нè изненади со по некоја објава на социјалните мрежи.

Каролина вчера ги израдува своите пријатели и обожаватели со серија фотографии кои ги објави на својот инстаграм – профил.

Во написот под фотографиите Гочева напиша „Некои убави моменти од 2020 година“. Погледнете ги убавите моменти по кои таа ќе си ја памти оваа година:

Instagram
Instagram
Instagram
Instagram
Instagram
Instagram
Instagram
Instagram
Instagram
Instagram
Instagram
Instagram
Instagram
Instagram
Instagram
Instagrsm

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот