Каролина Гочева позитивна на коронавирус, го откажа концертот во Охрид

Instagram
Фото: Инстаграм

Музичката ѕвезда Каролина Гочева преку своите профили на социјалните мрежи ја информираше јавноста дека, за жал, мора да го откаже концертот во Охрид кој беше закажан за четврток, 4 август, затоа што се тестирала и е позитивна на ковид-19.

„Драги мои, многу се радував на нашата средба во Охрид и многу сакав да ја повториме онаа магична вечер од Скопје, но… од синоќа не се чувствувам добро, денес се тестирав и имам корона. За жал, мораме да го откажеме концертот планиран за четврток во Охрид. Се гледаме во следна прилика, а на Охрид ќе му се оддолжам со концерт наесен“, објави Каролина на Фејсбук и Инстаграм.

Инаку, Каролина во Охрид требаше да го одржи концертот насловен „Ајде да летаме“, со нејзините најголеми хитови, безвременските песни од нејзината музичка кариера.

Каролина со голем концерт на отворено во Скопје, ќе ги пее сите нејзини хитови

ФОТО | Центар за култура Битола со убава вест: Концерт посветен на великаните Тоше Проески и Аки Рахимовски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот