Каролина Аврамовска ни препорачува: Израдувајте ги најблиските овој викенд со превкусни Парени колачи

„Ми се допаѓаат овие колачи поради едноставниот начин на подготовка, но најмногу поради нивниот вкус – омилен ми е. Според рецептот, во шербетот се става кора од лимон, ама бидејќи немав, ставив лимонтус, кој му даде убав шмек на шербетот.“

Потребни состојки:

  • 2 чаши брашно  (400 грама)
  • 2 чаши гриз (400 грама)
  • млеко (100 мл.)
  • 1 чаша зејтин (200 мл)
  • 2 јајца
  • пола пакетче прашак за пециво
  • пола коцка свеж / или една кесичка сув квасец

За шербет:

  • 3 чаши шеќер
  • 3 чаши вода
  • кора од лимон или пола кесичка лимонтус

Подготовка

Сите состојки се замесуваат со 100 мл. млеко

Се расукува кора, а од неа се вадат кругови, јас овојпат ги формирав со помош на чаша. Се оставаат 10-15 мин за да стасаат, па се печат на 200 Целзиусофи степени, околу 20-ина минути, или додека не видите дека се испекле добро.

Откако ќе се испечат, се оставаат да се ладат.

Околу 5 до 6 минути оставете да вријат шеќерот и водата, а при крај се додава лимонтусот или кората од лимон.

Откако ќе се оладат колачите, се преливаат со топлиот шербет, и се оставаат за добро да го впијат.

Се декорира по желба. Јас ставив шлаг и посипав со чоколадни капки!

НА ЗДРАВЈЕ!


За повеќе вакви рецепти, заследете ја ОВАА ФЕЈСБУК ГРУПА и ОВОЈ ИНСТАГРАМ ПРОФИЛ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот