Карлос Саинц триумфира на премиерното Рели Дакар во Саудиска Арабија

Шпанецот Карлос Саинц е победник на најпознатото и најтешкото светско рели, Дакар, кое оваа година за прв пат се одржа во Саудиска Арабија.

Ова е трет триумф за Саинц на најтешкото рели, откако претходно триумфираше и во 2010 и 2018 година. Шпанецот на последната етапа извозе рутински со што ја задржа предноста во генералниот пласман од 6.5 минути пред Катарецот Насер Ал Атијах и Французинот, Стефан Петерхансел, откако претходно победи на четири етапи.

Во конкуренција на мотоциклисти триумфот му припадна на Американецот Рики Брабек, од тимот на Монстер Енерџи Хонда. Второто место го освои Чилеанецот Пабло Квинталја, додека третопласиран заврши Тоби Прајс од Австралија.

Кај квадовите најдобар е Касале од Чиле, пред Витсе од Франција и Соник од Полска. Во конкуренција на SxS победа му припадна на Американецот Кјури, додека подиумот го надополнија Карјакин од Русија и Лопез Контадор од Чиле. Кај камионите имаме руска еден два победа. Со титулата најдобар се закити Каргинов, пред сонародникот Шибалов, додека третопласиран беше Вјазович од Белорусија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот