Карлос Госн е притворен за нови обвиненија

Поранешниот претседател на автомобилската алијанса „Renault-Nissan-Mitsubishi“, Карлос Госн е обвинет за нови финансиски малверзации од токиските обвинители, соопштува „Bloomberg“, повикувајќи се на информации од јапонските медиуми „TBS“ и „Kyodo News“.

Адвокатите на Госн, биле во лоша позиција, но сепак поднеле барање за кауција.

Новиот трет круг обвиненија ќе го држат во притвор подолго од првично предвидено, додека обвинителството го испитува случајот.

Карлос Госн беше ослободен со кауција во март, но повторно беше уапсен под обвинение дека пренасочува големи суми пари од „Nissan“ на неговите банкарски сметки.

Друг долг престој во притвор, со ограничен пристап до неговите адвокати, би можел да го отежне судењето на Госн кое треба да се случи подоцна во оваа или следната година.

За првпат тој беше уапсен во ноември 2018 година, што ја изненади општата јавност и автомобилската индустрија.

Имено, Госн кој успеа да го спаси „Nissan“ од финансиски колапс, обединувајќи ја јапонската компанија со „Renault“, а потоа и со „Mitsubishi“.

Тој ги негираше обвинувањата, кои првично беа упатени против него, нарекувајќи ги помодарство и „многу валкана игра“ од раководството на „Nissan“ кое гласаше Госн да биде избркан од одборот на директори.

Според новите обвиненија, Госн извршил сериозна злоупотреба на довербата и го прекршил јапонскиот закон за компании. Обвинувањата се однесуваат на исплатите од подружницата на јапонскиот автомобилски производител, тврдејќи дека парите биле на приватна инвестициска компанија контролирана од Госн. „Nissan“ поднесе тужба против поранешниот претседател на прераспоредувањето од 5 милиони долари од компанија со седиште во Јокохама во период од две ипол години. Другото обвинение е дека Госн правилно не ја пријавил својата заработувачка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот