Карлеуша за свадбата на Вељко: Борат пука, а казахстанските пејачки „мешаат“ (ФОТО)

Фото: Телеграф.рс/Никола Томиќ

Синоќа е одржана свадбата на годината – Вељко Ражнатовиќ, синот на фолк-пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ ја ожени Богдана Родиќ.

Прославата која траела од утринските часови во Белград, односно во Тител, кулминираше со голема забава во еден белградски хотел на која пееше Џани, а младоженецот сечеше торта со меч и спарингуваше со градоначалникот Палма.

 

View this post on Instagram

 

Just married.

A post shared by SERBIAN ACE ?? Српски Ас (@veljkoraznatovic) on

На забавата присуствувала речиси цела српска естрада. Од пејачи, пејачки, новинари, водители, спортисти, бизнисмени, политичари и кој ли уште не…

Тука се разбира не ја вбројуваме Јелена Карлеуша.

Меѓутоа таа на Инстаграм ја искоментира свадбата која ја следеше цела Србија и се потсети на една друга, онаа на нејзината соперничка со која недоамна се „смири“ на суд – Свадбата на Цеца и Аркан.

Нејзиниот пост ви го пренесуваме во целост:

– Пред 25 години Пинк во живо пренесуваше една свадба. Четврт век подоцна и многу ужас за сите нас, се случува истото. Четврт век подоцна Србија е жртва на истите погрешни луѓе, погрешни избори и исти режимски медиуми. Буквално ништо не се сменило, освен што 25 години сер*вме како криминалците ни ги уништуваат генерациите. Србија и понатаму е како свадба за филмовите на Кустурица, трагикомедија и „Циганска рапсодија“! Ние сме државата на Борат – „копи/пасте“ Казахастанец кој пука во воздух додека казахтанските пејачки мешаат на маса. Додека стручните и младите луѓе бегаат од оваа земја, се прашувам „дали ние заслужуваме подобро“? Мојот одговор е не. Ова сме ние. Ова е Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот