КАРЛЕУША Ѝ СЕ ЗАКАНИЛА: Душко користел услуги од елитниот макро, проститутката исплашена!

Принтскрин/Инстаграм

Драмата во бракот на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ не престанува – српските медиуми шпекулираат дека тој плаќал услуги на макрото Михајло Максимовиќ.

Како што дознава српски „Курир“, се работи за водителка од една српска телевизија. Наводно, после платениот секс, тие тајно се гледале. Јелена дознала за тоа и решила самата да ги земе работите во свои раце и да ја разреши ситуацијата.

Таа се обидувала да ја скрие аферата од јавноста, но детали почнале да излегуваат преку повеќе медиуми. Јелена не можела да поверува дека маж ѝ има секс со проститутка, која се крие зад својата водителска професија. Затоа, го нашла нејзиниот телефонски број и имала лут испад кон проститутката.

Девојката се исплашила и најпрво сè одрекувала, но потоа ветила дека веќе никогаш нема да му се јави на Душко. Од Јелена добила закана да замолчи и никогаш да не потврди за никого дека била со Тошиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот