Карлеуша повторно прави скандал! Дебили, мајмуни! Јелена ги нападна јутјуб-ѕвездите!

(Фото: Инстаграм)

Пејачката Јелена Карлеуша во скоро едногодишната дискографска илегала по секс-аферата со босанскиот фудбалер Огнен Врањеш, во себе собра многу бес и токму сега реши го покаже своето незадоволство.

Во големото интервју за магазинот „Стори“, Ј.К. открила дека е огрорчена од тоа што се случува на естрадата и енормната популарност на оние што неодамна станаа познат преку јутјуб каналот.

– Сега популарни се некои дебили од јутјуб кои и не ги разбираш. Тие се како спитомени мајмуни и можат да заинтригираат само деца до осум години. Таа багра од неталентирани, неартикулисани анонимци без смисла, уназадија се што е логично и креатино во музиката. Евтини се и мора да ги снема – рекла Карлеуша, а потоа најавила дека тргнува во војна со новите интернет-ѕвезди.

– Кога на нив ќе удри мојата брутална продукција, можат да дојдат по автограм, но не им гарантирам успех ни во тоа. Кога јас снимам нови песни, тие будали нема да бидат на мапата, па колку и да го окупираат Јутјубот – порачала Јелена.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот