Карлеуша откри што мисли Душко за нејзините провокативни фотки – Слободен печат
ЕспресоШоу биз

Карлеуша откри што мисли Душко за нејзините провокативни фотки

Ме прашува до кога ќе го правам тоа, а јас му велам дека не се оженил со домаќинка, туку со Јелена Карлеуша.

Карлеуша за српските медиуми откри детали за бракот, но и за новиот имот што таа и сопругот Душко Тошиќ го купиле во белградската населба Дедиње.

„Уште не сум се вселила, куќата допрва треба да се реновира, ама не можам да одолеам да не сликам, зашто куќата е навистина преубава. Дворот е преубав и мислам дека тоа ќе биде рај за Атина и за Ника, заслужија да имаат детство во толку убав амбиент. Ќе имам конечно голема квадратура шкафови бидејќи во оваа куќа не можам ни да се свртам. Поточно сите простории станаа мој гардеробер. Душко нема каде да си ги стави работите. Ако се разведе од мене поради нешто, тогаш ќе биде поради тоа!“, рекла Карлеуша, a пренесува Стори.рс.

Карлеуша открила и што мисли нејзиниот сопруг за нејзините разголени фотографии кои неретко ги објавува на социјалните мрежи.

„Душко вели дека постојано се сликам гола и дека тоа веќе нема никаква смисла. Едноставно не сака. Постојано ме прашува до кога ќе се сликам така, а јас му велам дека не се оженил со домаќинка, туку со Јелена Карлеуша!“, вели пејачката.

View this post on Instagram

Karlita🧝🏻‍♀️ photo by @serifovic

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar) on

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close