КАРЛЕУША оди во ЗАТВОР? Адвокатите откриле дека ќе заврши зад решетки поради загрозување на безбедноста!

На пејачката Јелена Карлеуша наводно ѝ се заканува казна затвор од шест месеци до три години поради загрозување на безбедноста на новинарката, но и поради загрозување на безбедноста на членовите на нејзиното семејство, доколку полицијата утврди дека смртните закани почнале откако пејачката објавила нејзини лични податоци на Инстаграм, дознава Ало.

Како што објаснил адвокатот Светозар Вујичиќ, Карлеуша со објавувањето на приватната снимка проследена со текст кој наведува на линч, свесно ја загрозила безбедноста на лице кое си ја вршело својата работа и директно учествувала во нападите што следеле.

„Доколку полицијата утврди дека заканите со смрт и физичко насилство почнале во оној момент кога госпоѓата Јелена Карлеуша ги објавила приватната снимка и личните податоци и така јавно ги повикала своите следбеници на линч, ќе се соочи со сериозни правни последици. На Карлеуша ѝ се заканува казна затвор во траење од 6 месеци до 3 години поради директно загрозување на безбедноста“, наведува адвокатот Вујачиќ и истакнува дека затворската казна би можела да биде и поголема ако се земе предвид дека смртни закани добиле и членовите на семејството на новинарката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот