КАРЛЕУША НА ТУРБО ПОГОН: Плива со луксузно помагало! (ВИДЕО) – Слободен печат
ЕспресоШоу биз

КАРЛЕУША НА ТУРБО ПОГОН: Плива со луксузно помагало! (ВИДЕО)

Откако српската фолк пејачка си набавила скутер за пливање и нуркање за околу 850 евра, веќе не ги „троши“ мускулите за пливање, пишува 24сата.хр.

Јелена  Карлеуша одлучила на годишниот одмор да не работи баш ништо, па дури и да не плива. На социјалните мрежи се пофалила дека си набавила скутер за пливање и нуркање кој ја вози додека таа се шлапка во морето.

Ги изненадила следбениците со видеозапис на кој се гледа како веќе не треба да ги користи рацете за пливање, туку тоа за неа ја прави помагалото кое го држи за рачките и непречено ужива во морето.

Instargam

Справата чини околу 850 евра, пишува 24сата.хр.

Сепак, нејзините фанови толку не биле одушевени од справата колку од тоа што Јелена објавила фотографии на кои не е нашминкана.

„Ретко која јавна личност би се сликала и би се снимала без шминка и притоа да изгледа прекрасно. Секоја чест“, пишувале фановите на Јелена.

На Јадран во Опатија е со ќерките Атина и Ника, а друштво им прави Саша Поповиќ, директорот на Гранд продукција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close