КАРЛЕУША ИМА СЕРИОЗЕН ПРОБЛЕМ: Лекарите ѝ забранија да подигнува тешки предмети

карлеуша версаче
Принтскрин/Инстаграм

Јелена Карлеуша има сериозен проблем со вратните прешлени, кој се заканува да го зафати целиот ‘рбет.

Поради тоа, лекарите ѝ забраниле да подигнува тешки предмети, а пејачката не смее дури ни кесата од продавница да ја носи подолго од минута до две.

Таа имала сериозни главоболки кои не поминувале ни со силни аналгетици. Рентгенските снимки покажале дека проблемот е во истрошената ‘рскавица на вратните прешлени.

Ако Јелена не се погрижи за себе, можеби и ќе треба привремено да се повлече од настапите, за да не ја загрози целосната здравствена состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот