Јелена Карлеуша на социјалните мрежи им го честиташе Божиќ на сите кои го слават, позирајќи со своите ќерки Атина и Ника. За статусот покрај фотографијата доби многу позитивни коментари.

„Иако сум атеист, со задоволство ги учам децата на традицијата на нашиот народ, но и традицијата на Словенија, Хрватска, Босна, Црна Гора, Австрија, бидејќи во нас тече крвта на сите тие народи. Татко ми е Србин, мајка ми Словенка, еден дедо од Лика, друг од Словенија, една баба од Босна, друга од Косово, прабаба ми Австријка… што сум тога јас? Јас сум човек. И ги сакам и ги почитуван сите вери и нации. Бидејќи кога сѐ ќе се собере и одземе, сите сме исти. Единствената поделба е во нашите глави. Па затоа бидете добри луѓе и учете ги своите деца на вистинските вредности. Тие се подобрата иднина“, напиша Карлеуша.